Македонската ИТФ репрезентација ќе настапи на Европското првенство во Пореч

Таеквондо ИТФ Македонија од 25.03 до 02.04 2022 ќе учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Пореч – Хрватска.

Боите на нашата држава ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи:

Хриситјана Парулеска, црвен појас – ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми за црвен појас, борби – 45 кг.

Давид Крстески, црн појас 1 дан – ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 55 кг.

Елена Јанеска, црн појас 1 дан – ќе се натпреварува во јуниорки 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 65 кг.

Давид Велковски, црн појас 1 дан – ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 71кг.

Божидар Димитриевиќ, црн појас 1 дан – ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби – 85 кг.

„Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеца секојдневно, притоа го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Ковид-19 го изгубивме континуитетот на натпревари. Сепак, според нивниот историјат можеме да веруваме во овие наши натпреварувачи. Да потсетиме дека Давид Крстески на 11 години се закити со медал од Европското првенство во Римини –Италија 2019, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив-Бугарија 2019 стигнаа до четвртфинале во борби, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман“, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.
Лазаревски изразва голема благодарност на генералниот спонзор „ПН Метал“, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство, а воедно и за сите нивни успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО