АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Македонската џиу џицу репрезентација утре ќе настапи на „Трофеј на Јахорина“

Утре македонската џиу џицу репрезентација ќе настапи на Меѓународниот турнир „Трофеј на Јахорина“ на Пале, Босна и Херцеговина.
Тимот на Македонија го сочинуваат:
Катерина Ацевска сениори +70 кг и не ваза +70 кг
Антонио Стојчески У-18 -69 кг и У-21 -69кг
Марија Треневска У-18 -70 кг и У-18 +70 кг
Зоран Колевски У-21 -62 кг и У21 -69 кг
Ана Ацевска У-10 -40 кг.
А, за првпат ќе настапат
Стефан Гериќ У-16 -77 кг
Ана Марија Чапараткова У-14 -52 кг
Марио Ангеловски У-14 -66 кг.
Со репрезентацијата патува и судијата Ицо Колевски.

На турнирот се пријавени 600 натпреварувачи од 10 држави.
Потоа следи уште еден јак контролен турнир пред Медитеранските игри во Рим на 13 јуни.



