АктуелноЏиу џицу - БЏЏ
Македонската џиу џицу репрезентација на летен камп во Сараево, потоа и во Грција

Од утре до петок шестмина македонски репрезентативци во џиу џицу ќе учествуваат на Меѓународниот летен тренинг камп во Сараево, Босна и Херцеговина.
На кампот ќе учествуваат 200 јуниори и сениори од 9 држави.
„Со мала пауза од 28 до 31 август ќе учествуваме на тренинг камп во Грција кој ќе ги води лично Никола Трајковиќ, актуелен светски шампион и Ставрос Јонидис, џудист, освојувач на европски медал. На тој камп ќе учествуваат 4 држави со 80 јуниори и сениори. На овој камп од Македонија ќе учествуваат 15 борци“, вели селекторот Александар Ацевски.
Овие подготовки се за Балканското првенство во Атина 11-14 септември, како и за Европското првенство во Белгија 4-7 октомври.




