Македонската џиу џицу федерација е побогата за ЏЏК „Карлос Маја“

karlos-maja-site-so-zafati

Македонската Џиу џицу федерација е побогата за еден клуб и тоа не кој било, туку Клубот за џиу џицу – не ваза „Карлос Маја“.

Главен тренер и инструктор на клубот е Мартин Михајлов кој своето знаење го добива и до денес го усовршува кај Карлос Маја од Рио де Жанеиро, под кој тренираат повеке Клубови во Европа.

karlos-maja-makedonija-site

Карлос Маја со овој спорт се занимава повеќе од 20 години и е еден од најдобрите ученици на Карлос Грејси. Своето знаење го има стекнато кај основоположниците на овој спорт, што воедно е и најблиската македонска линија до не вазата. Во својата богата и плодна кариера има освоено повеке медали од Европски и Светски првенства.

Клубот тренинзите ги одржува во гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје.

Од основањето клубот континуирано учествува на натпревари и ги има донесено првите медали на Македонија во „не ваза“.

milos-od-karlos-maja

Клубот соработува со други клубови за не ваза во Европа, Америка и Азија.

„Покрај другото, договорена е меѓусебна соработка меѓу клубовите на Федерацијата, заеднички настапи на разни семинари и турнири, усовршување на тренерски и судиски план..

Мартин Михајлов е активен професор на Економскиот факултет во Скопје, Доктор по економски науки, со најголем степен и најголем познавач на не вазата во Македонија.

Во името на Федерацијата им посакувам многу успех, плодна и успесна соработка, да уциме едни од други“, вели претседателот на Македоснката џиу џица Федерација, Александар Ацевски.

selfi-martin-mihjalof-i-drugi

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО