Македонската судијка Форисна Манева машки издржа залутан удар на индијските боксери на Меѓународен босерски турнир „Војводинска ракавица“ во Суботица, Србија.
Таа се најде во средиштето на битката и во обид да ги раздвои доби удар кој го издража нанозе и борбата продолжи.
За многу боксери тој удар би бил фатален.
Инаку тројцата македонски боксери Ферид Хоџа (ТКО, Р2) , Александар Ристовски и Хурмет Јонузов загубија во првата рунда, односно сите во првото коло.
Хоџа (TKO, Р2) за противник го имаше Гал Сепик од Словенија во категоријата 69 кг, во истата категорија Александар Ристовски боксираше со Милош Красниќи од Црна Гора, а Хурмет Јонузов во четвртфиналето за противник го имаше Сома Местер од Унгарија во категоријата 75 кг.
На овој турнир учествуваат 190 боксери во двете конкуренции. Турнирот е добра проверка пред настапот на Европското првенство за јуниори кое во септември ќе се одржи во Софија, Бугарија.