Најголемата македонска надеж Нуров без медал на СП, сопрен во четвртфиналето – Алили во репасаж

Најголемиот македонски адут за медал на Светското првенство во борење во Белград, Србија, Магомедгаџи Нуров не успеа да дојде до посакуваната цел.

Нуров во категоријата до 97 килограми беше запрен во четвртфиналето на шампионатот, по поразот од Грузиецот Мачарашвили со 4-6, кој потоа загуби во полуфиналето и нему овозможи репасаж.

Претходно, во осминафиналето македонскиот борач го победи Кинезот Мухетите убедливо со 14-4.

Од друга страна, вчера Дејан Митров не успеа да дојде до медал, иако влезе во репасажот, но не го мина првиот филтер во втората шанса за одличје.

Митров во категоријата до 79 килограми, завчера го победи Унгарецот Чаба Вида со 3-2 во првото коло, па потоа загуби од светскиот и олимписки првак Џордан Бурогз со 1-12, кој потоа го повлече нашиот борач во репасажот и му даде шанса да се бори за медал. Бурогз стана стевски првак по победата над Мохамад Ноходиларими од Иран со 4-2.

Митров загуби во првиот репасаж од Туркменистанецот Сапармирадов и со тоа остана без шанса за бронза.

Брза елиминација вчера доживеа Фати Весели, а разочарувачки настап имаше Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми, кој загуби во осминафиналето од Порториканецот Круз во 0-3.

Бесир Алили загуби од Иранецот Реза Атринагхарчи 1-11, но обезбеди место во репасажот против Азербејџанецот Ислам Базарганов, бидејќи иранскиот борач се пласира во финалето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON