Македонка освои шест медали на Карате купот „Светослав Иванов“ во Ќустендил (ФОТО)

Изминатиов викенд Карате клубот Македонка од Штип учествуваше на 10. Kарате куп „Светослав Иванов” во Ќустендил, Бугарија, при што освои 6 медали – 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени во конкуренција на над 300 натпреварувачи од над 30 клуба.

Медалите ги освоија:

Женски екипно (Јована, Дора и Ангела) – златен

Мартин Тошев јуниор +76 кг – сребрен

Дора Митевска јуниорки +59 кг – сребрен

Ангела Ристова јуниорки -59 кг – бронзен

Јована Панева кадетки +45 кг – бронзен

Никола Митев  пионер-45 кг – бронзен

„Учество земаа и Божјидар Зафиров, Петар Протогеров и Симона Панова, кои прикажаа одлични борби и изгубија во борбите за медал.

Остануваме посветени на континуираниот развој на младите таленти од нашите спортски редови“, велат од Македонка!

Ipon.mk

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON