Македонија ќе учествува со тројца борачи на Еврпоско сениорско первенство во Касписк, Русија, од 30 април до 6 мај. Нашата репрезентација ќе ја сочинуваат Елмедин Сејфулаху (-61 кг), Бобан Савев (92 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг).
За жал, Владимир Егоров заработи на сериозна повреда на вратот на подготовките во Чеченија и нема да патува на ЕП.
„Нуров е фаворит по добрите резултати што ги покажа во тирнурите Украина и Бугарија. Главната цел е да имаме мало финале, односно борба за бронзениот медал или да се надеваме на големо финале“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.
Тој истакнува дека првата и втоарта фаза на подготовки се направени во Бугарија, а последните две недели се работело во Скопје. Егоров во првата фаза на подготовки бил во Бугарија, а потоа цел месец во Чеченија, додека Нуров прво се подготвувал во Сочи-Русија, вториот дел го поминал во Баку, Азербејџан, а моментално е во Махачкала.
„Благодарност до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) што ни овозможи подготовки и опрема. Имаме голема мотовација и од стручната комисија на тренерите. Сите сме оптимисти“, нагласува Вренези.
Ipon.mk