Македонија со тројца финалисти, а Аземи кандидат за трофејот на Младинската Златна ракавица

Македонската репрезенатција вечерва ќе настапи со тројца репрезентативци во финалето на Младинската Златна ракавица во Белград. За златниот медал и трофејот ќе се борат Ардијан Аземи, Шеро Мамутовски и Моника Стојковска.

Вчера во полуфиналето настапи и Ален Рустемовски, но загуби со прекин во втората рунда.

Ако Аземи биде на нивото на претходните две борби, тој е еден од фаворитите за трофејот на овој меѓународен турнир.

Борбите почнуваат во 18 часот, а во финалето ќе суди и нашиот судија Стефан Цубалевски.

Полуфинале
49 кг Шеро МамутовскиМиле Јованчиќ (Србија) 3-2
52 кг Ален Рустемов – Омер Аметовиќ (Србија) 0-5 со ТКО Р2
91 кг Ардијан Аземи – Релја Стојковиќ (Србија) 5-0

Финале
49 кг Шеро МамутовскиГеорге Гиноиу (Романија)
91 кг Ардијан Аземи – Огњен Татарски (Србија)
54 кг Моника Стојковска – Габриела Лазаров (Романија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО