Денеска македонската кик бокс репрезентација со четворица натпреварувачи отпатува на Светското првенство за кадети и јуниори на ВАКО во Лидо Диесело, Италија, од 15 до 23 септември.
На списокот на селекторот Дејан Митровски-Урко се: Викторија Варадинова, Леа Бошевска, Дарко Најдов и Никола Нацев.
„Поради немањето на доволно финансиски средства македонската кикбокс мај тај репрезентација отпатува со двајца тренери и четворица натпреварувачи. Како тренери сме јас и Драган Атанасовски, како и репрезентативците Викторија Варадинова, Леа Бошевска, Дарко Најдов и Никола Нацев“, претседателот и селектор на Македонската кик бокс и мај тај федерација Дејан Митровски-Урко.
Тој нагласи дека ќе патуваат со автомобил поради недостигот на пари.
Ipon.mk