Македонија со 41 кикбоксер на „Балкан бест фајтерс“ во Јагодина

Утре македонската кик бокс експедиција патува за Јагодина, Србија, каде што ќе се одржи „Балкане бест фајтерс“ на кој ќе настапат натпреварувачи од 7 земји од Балканот со 378 натпреварувачи. Македонија ќе учествува со 38 кикбоксери.

Нашиот состав за Балкан бест фајтерс го сочинуваат натпреварувачи од Шампион-Скопје 11, Тетово 5, Гладијатор-Неготино 1, Работнички 2, Комбат-Радовиш 1, Наско тим 1, Гладијатор-Скопје 6, Лидер-Виница 3, Куманово 1, Кавадарци 1 и Тим Зоран-Струмица 6.

Во составот се и 22 тренери и двајца судии.

Ова ќе биде прв настап на македонските кикбоксери по прогласувањето на пандемијата во март.

Балкан бест фајтерс требаше да се одржи во Ниш, но поради пандемијата на коронавирусот се одложи и се презакажа за Јагодина.

Покрај кикбоксери од Македонија, ќе настапат и натпреварувачи од Србија – 159, Босна и Херцеговина 65, Бугарија 52, Молдавија 39, Црна Гора 24 и Хрватска 1.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON