Македонија се кандидира за домаќин на Европското самбо првенство!

Ертан Реџепи на ЕП

Нашиот претставник, Ертан Реџепи, на Европското првенство за сениори во спортско самбо во Загреб, Хрватска во првото коло во категоријата до 68 кг се бореше со Димитри Смолин од Белорусија, при што зазгуби со 6-2. Бидејќи Смолин го освои првото место, со тоа Реџепи му се пружи шанса да настапи во репесажот и можност за влез во малото финале. Во репесажот се сретна со Србинот Никола Лазиќ, но и од него беше поразен 8-2.

На крајот, Реџепи го освои 7 место од 14 натпреварувачи.

Во Загреб се одржа и Конгресот на Европската самбо федерација на кој се разговараше за Европските игри во Баку. Македонија поднесе кандидатура за Европско првенство за јуниори во 2018 година. Барањето ќе биде разгледано на следниот конгрес на ЕСФ.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON