Македонија обезбеди два бронзени медалa на Светското првенство во кик бокс!

Milan Kubin osvojuvac na Best fajter rimini

Македонија засега обезбеди три бронзени медали на Светското првенство во кик бокс за сениори во Белград-Србија. Димитар Георгиев, кој ја брани светската титула, и Стефани Тодорова извојуваа победи во четвртфиналните борби со што обезбедија пласман во полуфиналето.

Dimitar Georgiev na EP vo Maribor so Maksjuta Riusija

Вчера Александар Димовски во категоријата над 91 килограм во лоу кик го совлада Бараб Хамид (Мароко). Во четвртфиналето ќе се сретне со Ричард Јакоб од Бразил.

Резултати по првите два дена:

K-1

 Александар Наумовски (-71 кг) – Лазрак Мохамед (Мароко) победа со нокаут, во ¼ финалето загуби од Марцин Крет од Полска со прекин поради повред;

Јетмир Емрули (-75 кг)- Алишан Асланли (Азербеџан) 1/16 финале поразен на поени;

Лоу кик

Петре Велков (-67 кг) – Андреј Камионак (Белорусија) 0-3

Бобан Илиоски (-71 кг) – Венелин Анков (Бугарија) 0-3

Александар Најдовски (-86 кг) – Белхир Насер (Тунис) победа во 1/8 финале со предавање од противникот, оди на Лука Симиќ (Хрватска);

Александар Димовски(+91 кг) – Бараб Хамид (Мароко) 3-0 се среќава со Ричард Јакоб (Бразил)

Кик лајт

Виктор Дуковски (-63 кг) – Сретен Стевановиќ (Србија) 0-3

Ненад Манојловски (-69 кг)– Рамил Агабеков (Укарина) 3-0

Димитар Георгиев (-74 кг) – Радослав Славчев (Бугарија) 3-0

Наим Самиу (-79 кг) – Руи Фариjа (Португалија), победа на поени за Португалецот.

Милан Кубин (-89 кг) – Валентин Могос (Романија) 2-1 оди во 1/4 финале на Матеуш Језерчек (Полска)

Кристина Стојчевска (-55 кг) – Габриела Буса (Унгарија) 3-0, во1/4 финалето оди на Иленија Никеле (Италија)

Стефани Тодорова (-60 кг) -Ката Саре (Хрватска) 3-0

Денес ќа настапат Александар Димовски (+91 кг, лоу кик) со Бразилецот Ричард Јакоб , Александар Најдовски (-86 кг, лоу кик) со Хрватот Лука Симиќ, а Ненад Манојловски (-69 кг, кик лајт) со Сачин Шармин од Велика Британија, Милан Кубин (-91 кг) со Матеус Јерешчек од Полска и Кристина Стојчевска (-60 кг) со Иленија Ничеле од Италија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО