Македонија на Европското првенство во џиу џицу ќе настапи со пет натпреварувачи

На Европско џиу џицу првенство во Веркуин, Франција, од  9 до 12 март во возрасните категории У-16, У-18 и У-21 македонската репрезентација ќе настапи со пет натпреварувачи.

Боите на Македонија ќе ги бранат Данил Николиски У 18 – 55кг и Ева Димитрова У 21 + 70кг од Осенсеи – Штип, преводени од тренерот Христијан Јованов, Катерина Ацевска У21 + 70кг, Јаким Колевски У18 – 65кг и Зоран Колевски У 18 – 55 кг од Дан-кју од Скопје.

Селекторот Александар Ацевски очекува квалитетни борби и напад на медал.

На ЕП се пријавени околу 2.000 борци од 30 држави.

Во текот на оваа година нашите натпреварувачи ги очекуваат сениорското ЕП во ноември во Загреб, Хрватска, па  Светскотопрвенство во Казахстан во август.

„Репрезентација од Македонија ќе учествува со свои борци на сите овие првенства, како и на други 10 меѓународни турнири во Словенија, Србија, Грција, Босна, Црна Гора, Германија“, вели Ацевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО