Македонија ќе настапи со 4 боксери на „Адем Јашари“ во Косово

Bislimi udira

Македонија на  Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, на 26 и 27 ноември ќе ја претставуваат: Исак Ибрахими 52 кг, Алмир Нуришов 56 кг, Лулезим Исмаили 69 кг, Лулезим Бајрами 81 кг, а ќе ги води од селекторот Петар Чурлиновски.

На турнирот ќе учествуваат боксери од 11 земји.

„Овој турнир е на календарот на ЕУБЦ во АИБА и на него учествуваат квалитетни и искусни боксери, репрезентативци. Нашите боксери по „Златниот гонг“ продолжија со подготовки  за овој турнир во матичните клубовите. Подготвени се за турнирот и треба да го дадат максимуот за да освојат некој пехар“, вели членот на УО на Боксерската федерација на Македонија, Фатон Салиху.

Инаку Фатон Салиху е победник на турнирот во 1999 година.

„Како победник на овој турнир ќе и порачам да боксираат и да го дадат маскимумот за победа, другото само се ќе си дојде“, порачува Салиху.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО