Македонија го одбележува Светскиот ден на џудото

Со низа на активности, се разбира многу поразлични од оние кои што ги гледавме изминатите години, предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот, Џудо федерацијата на Македонија, клубовите и сите џудисти, денес, 28 октомври, го одбележуваат Светскиот ден на џудото.

„Во чест на роденденот на таткото на џудото, Џигоро Кано денес наместо на татамите, македонските џудисти ќе спроведоа низа активности со кои ќе придонесат за подобрување на ситуацијата во локалните заедници. Планирани се голем број на донации на храна и облека, еколошки акции, делење на заштитни маски и едукативни флаери кои ќе влијаат на подобрување на ситуацијата во овие времиња на екстремна здравствена и економска криза. Наменски насочените активности се дел од глобалната кампања на Интернационалната џудо федерација (ИЏФ) која годинава ја носи пораката „Заедно посилни“, велат од Федрацијата.

И покрај силниот удар кој глобалната пандемија му го зададе на џудото, денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо, а чествувањето на Светскиот ден на џудото има за цел не само да ги покаже спортските вредности, туку и да докаже дека џудото е повеќе од спорт.

Сите активности се оддржуваат во согласост со препораките на комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за заштита во услови на пандемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON