Македонија дел од 11-от Глобален куп на ВИКФ преку Дејан Милошевски

Минатата недела, од 10 до 15 септември, во Гринвил, Јужна Каролина, се одржа 11-от Глобален куп на ВИКФ (Вадо интернационал карате федерација). Федерација која беше основана во 1990 година од проф. Татсуо Сузуки 8 дан (ханши), ученик на мајсторот Хиронори Отсука, основачот на вадо рју карате стилот. Натпреварот беше одлично организиран на четири татами благодарение на претседателот на ВИКФ-САД, Томи Худ. Главен судија беше Кјел Џакобсен од Шведска. На ова натпреварување беа поканети многу интернационални судии, и дел од американските светски судии во кој тим беше и нашиот светски карате судија, Дејан Милошевски.

„За мене овој натпревар беше чест да се учествува поради неколку причини. Добив лична покана да учествувам на овој натпревар од страна на американскиот претседател на оваа федерација г-дин Томи Худ. Бев исто така поддржан и препорачан од страна на претседателот на американската судиска комисија Фариба Мадани. И, секако, сакав да дадам поддршка на ова големо вадо рју натпреварување затоа што бев и единствен Македонец кој ја претставува Македонија на овој настан. По успешниот натпревар имавме и заедничка вечера каде што го запознав и претседателот на ВИКФ Метју Бејсен од Белгија, кој лично изрази благодарност и кажа дека навистина сите судии завршиле одлична работа и дека сите тренери и натпреварувачи биле задоволни од нашата работа. Посебна благодарност даде на судиите од ВКФ за огромната професионалност и искрената поддршка на ова натпреварување“, вели Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО