Алекс „Д’Грејт“ Волкановски ја воодушева публиката во Мелбурн со победата со прекин на УФЦ Фајт најт 101.
Волкановски кој попотекло е од Битола потврди дека може да биде големата нова надеж на Австралија во ММА со победата над Јусуке Касуја. Тој на Јапонецот му ги заби нозете и го заврши со удари на подот.
Ова е голема победа на еден македонски борец во најголемата ММА организација во светот – УФЦ. Од него може да очекуваме големи успеси.
Алекс Волкановски – Јусуке Касуја – ТКО (Р 2 2:06)