Мајсторот Имсет Ичановиќ го сподели искуството со Давид Крстески и Хва ранг ИТФ (ФОТО)

Давид Крстески како дел од подготовките за Европско првенство во април 2019 во Римини-Италија тренираше со мајсторот Исмет Ичановиќ од Словенија.

Ичановиќ годшниот одмор го помина во Охрид, но не заборави на тренинзите, па своето драгоцено искуство го сподели со челновите на Хва ранг ИТФ од лескоец – Охрид. Тој е неколкукратен светски и европски таеквондо ИТФ шампион, најдобар ветеран на последното Европско првенство кое се одржа во Талин-Естонија и е носител намајсторски појас VI дан. Ичановиќ е тренер на клубот Шкорпион од Љубљана, кој се подготвува за наредното Светско првенство за јуниори и ветерани, кое ќе се одржи од 20-27 август 2018 во Минск, Белорусија.

„Исмет Ичановиќ го знае нашиот Давид и секогаш кажува дека го следи на сите натпревари и дека во него гледа иден светски и европски шампион, при што секојдневно со задовослтво одвојуваше посебно време за него“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО