Британскиот ММА борец Мајкл „Веном“ Пејџ е ново име во списокот на УФЦ. Имено, за време на гостувањето на претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, во Подкастот Фул сенд, зад него стоела табла со имињата на борците и нивните борби.
На една од тие табли пишуваше – М.Пејџ. Според списокот на борци, можеше да се заклучи дека Веном ќе настапи на настанот УФЦ 207 во јануари, а противник ќе му биде Кевин Холанд.
Последната борба на Мајкл Пејџ во Белатор беше во март кога го победи Гоити Јамаучи со прекин во првата рунда.
Неговиот противник Кевин Холанд го имаше последниот меч во септември, а загуби од Џек Дел Мадален.
Настанот на најголемата светска ММА организација ќе се одржи на 20 јануари во Торонто, а на чело ќе биде борбата за титулата во средна категорија меѓу шампионот Шон Стрикленд и Дрикус ду Плесис.