Мајкл Чендлер за две минути го нокаутира Бенсон Хендерсон (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Мајкл Чендлер, забележа импресивна победа.

Тој го предводеше Белатор 243 во Конектикат во реванш средбата против поранешниот шампион на УФЦ, Бенсон Хендерсон. Пред неколку години се бореа за титулата на Белатор, при што Чендлер го совладаа со поделена одлука на судиите. Овој пат неговата победа беше далеку поубедлива.

Почетокот на борбата двајцата ја почнаа со размена ножни удари. Хендерсон направи комбинација од удари, а Чендлер постигна два удари. Повлекување од поранешниот шампион, на кого Бенсон одговара со десен удар. Бенсон удира Чендлер го фаќа и се обидува да го погоди силно, но ја промаши целта. Удар од лево од Мајкл, потоа нужни удари. Лев директ од Чендлер и Хендерсон е на партер. Поранешниот шампион нападна со удари и судијата го прекина мечот, кој траеше само 2 минути и 9 секунди.

Ова е втора директна победа на Чендлер и има добиено 5 од последните 6 битки. Така, поранешниот шампион повторно се приближува кон титулата што ја загуби минатата година на Патрицио Фреир. Бенсон  се раздели со серијата од 4 последователни победи.

Белатор 243 реултати:
Мајкл Чендлер го победи Бенсон Хендерсон со КО 1, 2:09
Тимоти Џонсон го победи Мет Митрионе со ТКО 1, 3:14
Мајлс Јури го победи со одлука Георги Карахајан (27-30, 30-27, 29-28)
Сабах Хомаси го победи со одлука Куртис Милдер (29-28, 29-28, 29-28)

Прелиминарни борби:
Адам Борис го победи со одлука Мајк Хамел (29-28, 28-29, 29-28)
Крис Ленчиони го победи  со одлука А.J. Азазарм (30-26, 30-27, 29-28)
Валери Луреда ја победи Тара Граф со КО 2, 5:00 часот
Грант Нил победи со одлука Хамза Салим (30-26, 30-27, 30-24)
Чарли Кембел го победи Наиноа Данг со ТКО 2, 1:42
Далтон Роста го победи Марк Гардандер со ТКО 1, 5:00 часот

https://www.instagram.com/p/CDnTS3Jj-An/

https://www.instagram.com/p/CDnSmyMjvZK/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО