Очекувањето на потенцијална борба меѓу Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер го привлече вниманието на навивачите на ММА ширум светот.
Со оглед на тоа што Мек Грегор беше надвор од теренот од 2021 година, фановите и Чендлер беа желни за одговор од ирската ѕвезда во лесна категорија. Двајцата се тренери во 31-та сезона на Ултимејт фајтер и се очекува да се борат по завршувањето на сезоната.
Мајкл играл голф и направи нешто што не би го направил секој. Сподели видео на кое се гледа како Чендлер си игра со голема змија која ја извадил од тревата. Видеото наиде на пофалби и критики од фановите и од познатите личности.
„Мојата сопруга би ме убиела, но постојано гледам вакви работи на интернет. Па јас сум експерт, нели?“, напиша Чендлер во видеото со змијата.
Се уште не е познато кога и каде ќе се одржи борбата меѓу Мек Грегор и Чендлер. Во последните денови се шпекулира дека тоа ќе се случи во декември, но Мек Грегор се уште не се вратил на антидопинг тестовите во УСАДА.
View this post on Instagram