Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер ќе бидат тренери во новата сезона на „The Ultimate Fighter“, потврди овој викенд претседателот на УФЦ, Дaна Вајт.
Ова потврди дека славниот Ирец наскоро ќе им се врати на борбите, некаде во втората половина од годината.
Големата ѕвезда на УФЦ се уште не влезе во шестмесечниот протокол за тестирање на УСАДА.
A Чендлер ја доби борбата што ја бараше:
„Кога ќе се затворат вратите на октагонот и ќе се огласи сирената, ќе се обидеме еден сио друг да се натераме на повлекување. Конор е поголем и поширок, зазема повеќе простор со неговиот гард. Но, јас сум како проектил и ќе направам да ме почувствува“, изјави Мајкл Чендлер и додаде:
„Ќе му влезам во лице и ќе го натерам да се повлече. Ќе го почувствува моето присуство, и, ако сакам да го подигнам и да го спуштам, ќе го почувствувам. Ќе го завршам Конор во втората рунда, тоа ќе биде голем оверхенд или лево кроше. Тоа се истрелите кои постојано се обидувам да ги погодам. Со тој удар постојано ги соборувам противниците дури и на тренинг“.