Мајкл Чендлер може да се бори за титулата, но уште малку би почекал за Конор Мек Грегор

Поради повреда Конор Мек Грегор го откажа настапот на настанот УФЦ 303 кој се одржа минатиот викенд во Лас Вегас, каде Алекс Переира го победи Јиржи Прохаска со прекин на почетокот на втората рунда и го одбрани појасот во полутешка категорија.

А, најголемата ѕвезда на УФЦ неколку недели претходно го откажа враќањето во октагонот, бидејќи на подготовките го скрши малиот прст на ногата.

Ирецот требаше да се врати на борбите по тригодишна пауза на мечот против Американецот Мајкл Чендлер, но многумина се сомневаат дека Конор можеби никогаш повеќе нема да се бори.

Сепак, оптимизмот на Чендлер не стивнува и се уште е подготвен да го чека Мек Грегор, иако претседателот на УФЦ Дана Вајт пред неколку дена му порача дека тоа нема да биде паметен потег за него.

Американскиот борец во последната објава на X откри дека добил многу интересна понуда од промоцијата.

„Во октомври ми беше понудена борба против Ислам Махачев. Но, ако малиот прст на Конор е готов до септември, тогаш да се бориме во Сферата. Тоа ќе биде најголемиот спортски настан (УФЦ 306) во историјата!“, напиша Мајкл Чендлер во својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON