УФЦ 257 стана поинтересна идеја откако Мајкл Чендлер и Дан Хукер се согласија да се борат во јануари на овој настан.
Тие дадоа вербална согласност да се соочат и ги започнаа тренинг камповите. Официјална потврда од УФЦ се очекува во наредните денови. Најверојатно ќе бидат како вовед пред главната битка меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер.
Чендлер (21-5) е поранешен трикратен шампион во лесна категорија на Белатор. 34-годишниот Американец ги победи големите имиња како Еди Алварез, Бенсон Хендерсон и Патрик „Питбул“ Фреј. Чендлер во моментов не е на ранг-листата на УФЦ, но секој што ја следел неговата кариера знае дека има потенцијал да стане шампион на организацијата.
Хукер (20-9) е рангиран на 6-тото место во лесна категорија на УФЦ. 30-годишниот Новозеландец е во организацијата од 2014 година и има скор 10-5 во октагонот. Од 2017 година, Хукер се бореше само во лесна категорија, каде забележа 8 победи и 2 порази, со победи над Гилберт Барнс, Пол Фелдер и Ал Јакинта. Сепак, во последниот меч загуби од Дастин Пориер во еден од најатрактивните мечеви во 2020 година.
УФЦ 257 ќе се одржи на 23 јануари во Абу Даби.