Даниел Кормиер: Тебаше да се се пензионирам пред борбите со Стипе Миочиќ

Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Даниел Кормиер даде интересно признание за тоа дали доцни со откажувањето од професионалната ММА сцена.

41-годишниот ветеран, кој ја заврши блескаваta кариера во 2020 година, рече дека гледајќи наназад, мораше да се откаже од спортот по УФЦ 230. Настанот се случи во ноември 2018 година, а на главниот настан се спротивставија Кормиер и Дерик Луис.

Ова беше последна победа на поранешниот шампион во полутешка и тешка категорија. Потоа претрпе два порази од Стипе Миочиќ.

„За мене се е готово по операцијата на грбот што ми ја направија по натпреварот со Дерик“, рече Кормиер, кој се пронајде во новата улога на коментатор на УФЦ.

„Едноставно, тогаш го забележавме. Се борев два пати после тоа, а можеби не требаше. Но, дури сега го разбирам тоа. Хируршката интервенција многу ги ограничи моите движења. Не бев истиот борец.

За мојот последен меч со Стипе, тренирав многу напорно, но едноставно не бев тој Кормиер од порано. Тренингот веќе не беше толку напорен, не можев да направам многу работи.

Но, не можам и не треба да жалам за тоа. Тешко е да се живее со такво чувство. Непријатната работа е што на крајот на 2018 година бев на врвот. Бев број еден во мојата дивизија, ја вратив титулата во полутешка категорија, го победив Дерик Луис. Кога сте први во УФЦ, тогаш сте постигнале нешто големо“, додаде поранешниот соборец на Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО