Американскиот борец во лесна категорија на УФЦ, Мајкл Чендлер (23-8) беше привлечен на настанот УФЦ 287 што се одржа минатиот викенд во Мајами, Флорида.
Поранешниот шампион на Белатор во лесна категорија изјави дека големите гала вечери го тераат да сака да се врати. Чендлер со нетрпение очекува да го сподели кафезот со Конор Мек Грегор (22-6) и верува дека нивната борба ќе биде последна во кариерата на Ирецот.
Чендлер и Мек Грегор моментално се тренери на ТУФ 31. Двајцата веќе се судрија, а ТУФ 31 ќе се емитува од крајот на мај до средината на август. Се очекува Конор и Чендлер да го споделат кафезот наесен.
„Овие големи борби секогаш ме тераат да сакам да се борам толку силно. Едвај чекам да излезам таму и да го победам Конор Мек Грегор. Ова ќе биде неговата последна борба“, напиша Чендлер на Твитер.
https://www.youtube.com/watch?v=aaHPTRW-WJM