Мајкл Чендлер: Чарлс Оливеира ќе го победи Махачев

Поранешниот шампион на Белатор и поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ во лесна категорија (до 70 килограми), Американецот Мајкл Чендлер е со мислење дека Бразилецот Чарлс Оливеира е фаворит во борбата со Дагестанецот Ислам Махачев.

Обложувалниците не се согласуваат со мислењето на Чендлер и го најавија Махачев како сериозен фаворит во битката со бразилската ѕвезда. Борбата меѓу Махачев и Оливеира ќе се одржи во октомври на УФЦ 280 во Абу Даби.

Во прашање е празната титула во лесна категорија. Чендлер пред една година се бореше со Оливеира за појасот и загуби со нокаут. Сега ќе ја следи новата борба за титулата и прогнозира победа на Оливеира.

„Мислам дека Чарлс Оливеира ќе ја заврши работата. Не дека мислам оти Ислам не е голем борец и нема да може да стане шампион. Сепак, според мене, нема причина зошто да се смета за фаворит против Оливеира.

А на фактот дека Чарлс Оливеира буквално ги заврши сите ривали, не можам а да не му се восхитувам. Подемите и падовите низ кои помина го прават број еден „лесен“ на планетата.

Затоа, третирајте го името на Чарлс Оливеира со почит. Претпоставувам дека тој човек само ќе излезе таму и ќе го заврши противникот“, рече Чендлер на за Јутјуб каналот ММА Џанки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON