Мајкл Биспинг: Повеќето борци во УФЦ „земаат нешто“

Majkl Bisping

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Мајкл Биспинг, сподели интересно мислење поврзано со присуството на Американската антидопинг агенција (USADA/УСАДА) во УФЦ и се повеќето случаи на борци кои „грмат“ со позитивни допинг тестови.

Британецот смета дека голем дел од борците во УФЦ „земаат нешто“, како според него не е воопшто случајно што тој станал светски шампион токму по влегувањето на УСАДА во спортот.

Биспинг своето мислење го изнесе во статијата за Champions.co, истакнувајќи го следново:

„Секој го знае моето мислење во однос на допингот, а тоа не е променето ниту најмалку. Браќата Дијаз велат дека сите земаат стероиди, но очигледно има некои од нас кои не го прават тоа. Сепак, ги разбирам. Мислам дека повеќето од нашите спортисти земаат нешто“.

„Со влегувањето на УСАДА, луѓето почнаа да „грмат“ лево и десно. Тие се уште имаат долг пат пред себе, но некои луѓе веќе се затрупани, а само тоа има значење. Забавно е тоа што откако УСАДА е тука, јас станав светски шампион“!

„Цело време бев тука и да, успеев да ги подобрам своите вештини, бидејќи моите тренери работеа напорно за да ме доведат до овде, но присуството на УСАДА и мојата титула не се лудо совпаѓање. Мислам дека има причина за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО