Мајк Тајсон за малку не му ја разнесе главата на тренерот (ВИДЕО)

Подготвувајќи се за враќање во боксерскиот ринг, Мајк Тајсон продолжува да покажува неверојатна сила и тешки удари на кои го подложува својот тренер.

На едно од последните видеа го гледаме Тајсон како тренира со Рафаел Кордеиро, но боксерот беше толку наострен што бевме загрижени за здравјето на неговиот тренер.

Особено кога ќе видиме колку силно го фрла на јажињата во рингот.

Тајсон рече дека ќе се врати на неколку добротворни меча, од кои првиот е закажан за ноември против Рој Џонс.

Џонс се подготвува за средбата и веќе изјави дека очекува да види опасен и жесток противник против него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON