Хабиб Нурмагомедов: Нема како да се споредувам со Мухамед Али

56

Непоразениот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов вели дека не може да се споредува со легендарниот боксер Мухамед Али бидејќи би било „неприкладно“ да се постави на истото ниво со Американецот.

31-годишниот Нурмагомедов е непоразен во кафезот со скор 28-0 во УФЦ и според последните анкети е меѓу најпопуларните пет муслимани на планетата, по што споредбата со Али можеби беше неминовна.

„Погрешно е да се споредувам јас со Мухамед Али. Можеме да зборуваме само дека двајцата сме шампиони и муслимани. Но, тој направи работи надвор од рингот поради кои не можам да се споредувам со него. Кога тој беше шампион, беше поинаку. Тој беше од друга раса во период кога во Америка црните луѓе беа третирани лошо. Тој го фрли златниот медал и го смени односот кон неговата раса. Затоа не можеме да се споредуваме. Би требало да можам да се вратам во тоа време и да бидам црн и шампион. Потоа ќе видиме како би се однесувал јас во таква ситуација. Убаво е да те споредуваат со таква легенда, но мислам дека не е прикладно“, вели Нурмагомедов.

Али е роден како Касиус Клеј, но го смени името во Мухамед Али во 1964 година откако стана муслиман.

„Касиус Клеј е робовско име. Јас него избрав и не го сакав. Јас сум Мухамед Али, слободно име кое значи сакан од Господ и инсистирам да го користите тоа име“, изјави тогаш Али, кој почина во 2016 година на 74 години по борбата со Паркинсоновата болест.