Мајк Тајсон во пресрет на мечот Фјури – Нгану: Ако го погоди, ќе заврши во нокаут

Боксерската легенда Мајк Тајсон ќе учествува во подготовките на Френсис Нгану за борбата против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија договори боксерски меч против Џипси кинг за 28 октомври на настан во Саудиска Арабија.

Малкумина му даваат шанса на Нгану против непоразениот Фјури, особено што тоа ќе биде боксерско деби на Камерунецот.

Но, Ајрон Мајк тврди дека Френсис не треба веднаш да биде отпишан и истакнува дека би можел да ги изненади сите.

„Ќе го шокира светот. Ако го погоди, ќе заврши во нокаут“, изјави Мајк Тајсон.

Фјури на почетокот на годината учествуваше во преговорите со Усика за меч што ќе ги обедини титулите на светскиот шампион во тешка категорија, но тие разговори беа прекинати.

И двајцата шампиони се свртеа кон нови предизвици. Украинецот на 24 август ќе ги брани титулите на ВБА, ИБФ и ВБО против Даниел Дубоа, додека појасот на ВБЦ нема да биде во игра на мечот меѓу Фјури и Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON