Мајк Тајсон не е импресиониран од борбата меѓу Олександар Усик и Ентони Џошуа.
Легендарниот боксер смета дека не би имал проблем да ги совлада овие двајца ривали кога беше во своите најдобри денови.
„Едноставно, не сум импресиониран од борбата, можеби се работеше за ‘лоша вечер’, но мислам дека не би имал проблем да ги победам овие двајца боксери кога бев во најдобрите денови“, напиша Тајсон на социјалната мрежа Твитер.
Како што е познато, Украинецот славеше на поени против Џошуа во борбата во Лондон пред повеќе од 70 илјади навивачи.
After watching the Joshua vs Usyk fight, maybe they had a bad day that night. From that performance do you really think they could have beat me in my prime?
— Mike Tyson (@MikeTyson) September 27, 2021