Џон Џонс го прекина молчењето: Престанувам да пијам

Џон Џонс уште еднаш вети дека ќе се поправи по последното апсење.

Претходно денеска поранешниот шампион го прекина молкот со објава на Инстаграм, која директно не одговори на она што се случи, што вклучува семејно насилство и оштетување полициски автомобил.

Сепак, тоа дава подобра претстава за тоа на што се должи неговото однесување.

„Имам премногу повреди за да конзумирам алкохол“, напиша Џонс и додаде: „Мојот мозок едноставно повеќе не може да се справи со алкохолот. Го оставам засекогаш во минатото.

Сега е време да тренираме понапорно од кога било. Овој кошмар ќе го претворам во најдоброто нешто што ми се случило во животот “.

Денеска порано полицијата во Лас Вегас објави грди детали за притворот на борецот на УФЦ. Кога пристигнала патролата ја виделе неговата девојка со скршен нос и усни, а Џон бил груб кога го привеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО