Мајк Тајсон тренира со Витор Белфорт

Легендарниот Мајк Тајсон продолжува да тренира напорно за враќање во боксот. 53-годишниот ветеран планира да се бори во неколку рунди во добротворни цели, при што ќе ги донира хонорарите. Железниот Мајк сака да му помогне на општеството, а понудите до него не престануваат да пристигнуваат. БКФЦ, кој организира борби со голи раце, му нуди повеќе од 20 милиони долари за борба.

Секој ден, Тајсон е предизвикан од различни борци од ММА и од боксот. Мајк не престанува да работи во теретана, а во еден од неговите последни тренинзи беше во соработка со легендарниот шампион Витор Белфорт.

Се појави кратко видео од тренингот на двајцата, во кое Тајсон изгледа во одлична форма и се чини дека не е стар над 50 години.

Погледнете како изгледа Тајсон пред да се врати во рингот:

https://www.instagram.com/p/CAmQ9HfgJvv/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО