Мајк Тајсон со сензационален новитет (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон објави сензационална вест. „Железниот Мајк“, кој влезе во историјата како најмладиот боксер што освоил титула во професионален ринг, се подготвува за две незаборавни борби.

Во шоуто на Мајкл Френсис, легендата објави дека ќе се соочи со Ленокс Луис и Ентони Џошуа! Тајсон објави дека планира првиот меч да биде во декември, по што подготвува егзебициска борба со актуелниот светски шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Почнав повторно да тренирам. Сакам конечно да го завршам овој демонстративен меч со Ленокс Луис. Потоа најверојатно ќе се сретнам со Џошуа “, рекол Мајк Тајсон.

„Железниот“ боксираше со Луис пред 19 години, загуби со нокаут. Потоа, Британецот се пензионира како апсолутен светски шампион по победата над Витали Кличко. За нивниот егзебисцки меч се зборува веќе неколку месеци, но се уште нема датум и место каде ќе се одржи.

Тајсон боксираше минатиот ноември со Рој Џонс Јуниор. Тие завршија нерешено по 8 рунди, во кои Мајк изгледаше дека е во многу добра форма за својата возраст – 54 години. Сепак, Ленокс Луис не влегол во рингот откако се пензионира во 2003 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО