Мајк Тајсон со мотивирачка порака до фановите

Мајк Тајсон сака да биде во центарот на вниманието – во добро и во лошо. Неговото име ретко излегува од устата на луѓето. „Железниот“ е инспирација на цела генерација и до денес е еден од најомилените боксери.

Неговиот последен настап во рингот беше пред 15 години, но сега се подготвува да се врати громогласно.

Боксерската икона го искористи профилот на Твитер за да ги мотивира своите фанови:

„Ако ве соборат 100 пати – станувате 100 пати и имате 100 лекции да научите“.

Пораката на Мајк стигна до стотици илјади луѓе за неколку минути. Со месеци докажуваше дека е способен да ги победи своите „демони“.

Тајсон ја врати физичка форма на она ниво од младоста.

Покрај импресивното олеснување, Диносаурусот покажува и завидни вештини со тупаниците во честите видеа на интернет. Тој е пред хуманитарен меч со Рој Џонс Jуниор, за кој се очекува да има голем интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON