Енди Руиз Јуниор повторно ќе го победи Ентони Џошуа во нивниот реванш, смета поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон.
Преговорите за борбата сè уште се во тек и треба да се одвиваат до крајот на годината, при што најверојатно локациите ќе бидат Велс, САД, дури и Мексико.
Според Тајсон, Руиз ќе ја однесе и втората победа над Англичанецот и ќе ја задржи титулата шампион во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
Џошуа веќе еднаш беше поразен од Мексиканецот на 1 јуни во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Тајсон за ЕСПН рече:
„Енди и јас се запознавме пред некој ден и разговаравме. Неговата енергија е одлична, тој е прекрасен човек.
Ако успеа да го стори тоа еднаш, повторно ќе го направи.
Во меѓувреме, Џошуа изјави дека треба да си ја врати страста спрема боксот.
29-годишниот боксер рече
„Морам повторно да се проголтам во боксот и да ја вратам мојата страст. Единствената борба која ме интересира е оноа со Руиз и сакам да го победам за да ги вратам титулите.
Морам да се борам со најдобрите на светот. Можам да ги коригирам грешките.
Јас потекнувам од сурово минато и знам дека мојот пораз од Руиз е нешто што можам да го надминам “.