Мајк Тајсон се уште го чека хонорарот од мечот со Рој Џонс

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, вели дека сè уште ја чека целосната исплата на ветениот хонорар за неговиот демонстративен меч со Рој Џонс Јуниор.

Двете икони се сретнаа на пријателски боксерски меч на крајот на 2020 година, кој го организираше компанијата „Трилер“. Истиот синџир стои и зад промоцијата на натпреварите на Џејк Пол и новиот хибриден спорт „Триад Комбат“.

„Железниот“ гостуваше во подкаст емисија кај претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во која двајцата разговараа за предметната средба.

Добив дел од 10-те милиони, но се уште чекам целосно да ми бидат исплатени парите“, изјави Тајсон кај Дана Вајт.

„Не можам ништо да им кажам во моментов, ситуацијата е комплицирана“, додаде легендата од 80-тите и 90-тите.

Мајк, исто така, зборуваше и за гласините дека можеби ќе се бори со Јутјуб блогерот, Џејк Пол.

„Има луѓе кои сакаат да се борат со мене за 100 милиони долари, но јас веќе немам желба да го правам тоа. Се согласив на меч со Рој бидејќи мислев дека е забавно. Повеќе не ме интересираат овие работи, но никогаш не се знае. Можеби ќе бидам повторно во рингот за една година“, изјави Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО