Мајк Тајсон рече дека повеќе нема да се бори

Живата легенда Мајк Тајсон објасни зошто најверојатно завршил со професионалниот бокс на 55 години. Железниот Мајк се врати во рингот по 15 години отсуство и направи шоу со уште една легенда, Рој Џонс.

Тие се бореа на крајот на 2020 година во Калифорнија и поминаа 8 рунди во рингот, по што беше донесена одлука дека борбата е нерешена.

Тајсон е еден од најпопуларните боксери во историјата. Тој е најмладиот шампион во тешка категорија. Неодамна се шпекулираше дека Тајсон ќе боксира со браќата Џејк и Логан Пол.

Очигледно не му се допаѓа тоа и Мајк не се гледа себеси на вакви средби. Во интервју за ЕСПН изјави дека се вратил поради забава, но сега работите станале финансиски и забавата ја нема.

Затоа Тајсон рече дека веројатно нема да го видиме повеќе во рингот.

„Луѓето сакаат да се боксираат со мене за 100 милиони долари. Мислам дека никогаш повеќе нема да правам такви работи. Сакав да се борам со Рој Џонс за да се забавувам.

Некои луѓе ги подигнаа работите на друго ниво и ги направија финансиски. На тој начин забавата исчезна“, изјави Тајсон за ЕСПН.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО