Мајк Тајсон: Промоторите не дозволуваат најдобрите борци да се борат меѓу себе

Мајк Тајсон издвои некои од своите најдраги борци на денешницата.

Поранешниот неоспорен светски шампион во тешка категорија ги издвои Тајсон Фјури, Ентони Џошуа, Енди Руиз и иако често го критикуваше Дионтеј Вајлдер. Од борците во полесните тежини ги сака Васил Ломаченко Џервонта Дејвис.

„Го почитувам Тајсон Фјури, го почитувам Дионтеј Вајлдер, ги почитувам сите тие момци“, рече на својот подкаст Хотбоксин.

„И Енди Руиз, и оној човек по име Ломаченко – тој е заебано животно, тој е мајстор, како да танцува. Тука е и Џервонта Дејвис, има многу добри борци“.

Тајсон во последно време е во сите медиуми, откако објави враќање во рингот за егзебициски мечеви.

Додека имаше зборови на пофалби за денешните борци, истиот ентузијазам не го задржа кога ги допре промотерите. Вели дека спортот би доживеал огромен раст доколку промоторите им дозволат на најдобрите да се борат против најдобрите.

„Ситуацијата е таква што е под знак прашалник дали најдобрите ќе се борат против најдобрите. Промоторите не им дозволуваат да се борат едни со други. Јас би сакал да ги видам нивните борби, но промоторите не го сакаат тоа. Во боксот преовладува политиката. Затоа мислам дека во следните неколку месеци ќе откриете дека некои нови играчи влегоа во игра и работите ќе станат многу посериозни“.

Најголемите промотори во боксот имаат договори со различни телевизиски компании или стрминг платформи. Топ ранг има ексклузивен договор со ЕСПН, Премиер боксинг чемпионс работи со Фокс спорт и Шоутајм, додека промоциите на Голден бој и Мечрум се стриминг сервисот ДАЗН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО