Мајк Тајсон повторно покажа моќ и брзина (ВИДЕО)

Мајк Тајсон не застанува со здрави тренинзи пред неговото враќање во рингот. 54-годишната легенда ќе влезе во рингот за прв пат по 15 години на крајот на ноември во САД.

Железниот Мајк ќе се бори со Рој Џонс во меч кој е планиран да биде негзебициски, но и двајцата се однесуваат како да е вистинска борба. Нивната средба ќе трае 8 рунди и нема да има судии, што значи дека нема да се донесе одлука, победник ќе има само ако некој биде нокаутиран.

Тајсон е во неверојатна форма за својата возраст и вели дека никогаш не се чувствувал подобро. Тој има скор 50-6 (2) во рингот и 44 од неговите победи се со нокаут. Мајк е во серија од два последователни порази, а во последна битка загуби со одлука на Кевин МекБрајд во 2005 година.

Мајк ќе ги донира сите приходи од боксерскиот меч со Џонс во добротворни цели. Рафаел Кордеиро, кој е негов тренер, објави видео на социјалните мрежи, кое ја покажува големата моќ и брзина на неговиот борец.

Погледнете што може да направи Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО