Мајк Тајсон посочи повеќе причини поради кои Владимир Кличко ги загуби титулите од Тајсон Фјури минатата година во ноември.
„Неодамна на Кличко му се роди дете, се ожени за онаа холивудска актерка (Хајден Пенетир-з.а.), а таа помина низ постпородилна депресија. Нели се сеќавате дека жените можат да ве исфрлат од колосек. Љубовта е форма на лудило. Во текот на целиот меч не постигна два здрави удари. А, станува збор за голем боксер. Може да си најголемиот во историјата, но одвреме на време да не бидува ништо од тебе. Не гледам како Кличко ќе го загуби реваншот. Никој не може да го победи, ако тој се бори како луѓето“, вели Тајсон.
Тајсон смета дека нема смисла Кличко да остане во рингот.
„Сакам да кажам, тој е уморен. Во текот на целиот живот се борел. Умен човек е. Зошто да не престране? Има пари. Но, нема како да му кажеш на некој боксер да престане. Треба да се повлече пред да биде повреден“, смета Железниот Мајк.