Мајк Тајсон покажа на што е способен пред борбата со Џејк Пол

Неодамна боксерската заедница беше шокирана од веста за боксерскиот меч меѓу Џејк Пол (бокс 9-1) и Мајк Тајсон (бокс 50-6-2).

На почетокот многумина мислеа дека се работи за шега, но се покажа дека е вистина. Тајсон ќе се соочи со Пол во боксерски меч на 20 јули на AT&T стадионот во Арлингтон, Тексас. Нивната борба ќе биде насловна на гала вечерта што ќе се емитува на Нетфликс. Многу луѓе се против оваа борба бидејќи разликата во годините е огромна.

Мајк има 57 години, а Пол 27 години. Тајсон беше во добра форма кога се бореше со Џонс до реми на егзибициски боксерски меч на 28 ноември 2020 година. Сепак, оттогаш поминаа 4 години и не е познато каква ќе биде формата на Тајсон, кој во јуни ќе наполни 58 години.

Се уште не е зивесно дали средбата ќе биде професионална или егзебициска. Не е познато во колку рунди ќе биде. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Тајсон боксира во вреќата. „Железниот“ покажа дека се уште може, но годините никому не простуваат. Тој прави грешка со оваа борба бидејќи Пол дефинитивно ќе сака да го повреди.

Погледнете што може да направи Тајсон на 57 години:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON