Картис Блејдс сака да му даде реванш на Том Аспинал, Англичанецот се согласи

Минатиот викенд на програмата на настанот УФЦ 299 во Мајами беше пресметка во тешка категорија во која Кaртис Блејдс го победи Жаилтон Алмеида со нокаут во 36 секунди од втората рунда.

Бразилецот имаше дури девет соборувања во текот на првата рунда, но не можеше да го контролира Блејдс, кој добро се бранеше.

Алмеида потоа се обиде веднаш да го извлече со техника на двојна нога, но отиде премногу ниско и остана во непријатна положба.

Американскиот борец уште еднаш одлично се одбрани, па возврати со серија силни удари, по што заврши во нокаут.

Блејдс со таа победа остана на врвот во тешка категорија, а наскоро се надева на уште еден голем меч, многу би сакал да се бори против Том Аспинал за привремениот појас во тешка категорија на УФЦ.

Нивниот судир би бил реванш од јули 2022 година кога борбата заврши по само 17 секунди. Имено, Аспинал се повреди на самиот почеток и не можеше да го продолжи мечот.

Американецот смета дека е време да му се даде реванш на англискиот борец, иако некои би сакале да го видат во борба против Сирил Гане.

„Барав меч против Гане, но тој ја пропушти шансата. Ако Аспинал не е мојот следен противник, тоа ќе биде некој друг. Не знам што ќе се случи, но засега не сакам да се борам против Гане“, изјави Картис Блејдс.

По триумфот и прозивката на Картис, Аспинал веднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Не мора да ме прашувате двапати. Се согласувам“, вели англискиот борец во пораката на Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО