Мајк Тајсон покажа како се подготвува за Рој Џонс (ВИДЕО)

Легендарниот Мајк Тајсон изгледа одлично во кратките видеа што ги споделува на социјалните мрежи.

Железниот Мајк се подготвува да се врати во рингот во ноември против Рој Џонс во САД. Средбата требаше да се одржи во септември, но организаторите решија да ја одложат затоа што сакаат навивачи во салата. Борбата ќе биде ревијална, која ќе има 8 рунди и нема да има судии.

Тајсон (50-6, 44 КО) се чини мотивиран и во многу подобра форма отколку што беше на крајот на својата кариера во 2005 година. 54-годишниот ветеран задава силни крошеа со лоши намери. Во неколку интервјуа, Мајк изјави дека ќе бара нокаут во борбата со Џонс. Тајсон нема да земе денар од оваа битка и сè што ќе заработи ќе донира во добротворни цели.

Погледнете што работи Тајсон во новото видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО