Мајк Тајсон откри што треба да направите за да успеете

Мајк Тајсон, легендарниот боксер, веќе една година има свое кафуле во срцето на Амстердам.

„Железниот“ сериозно размислува да се преселат во Холандија. Тајсон неодамна даде интервју за локалните медиуми во Амстердам и зборуваше за своите нови авантури, за љубовта кон боречките вештини и им даде неколку совети на младите борци.

Иако е најпознат по својата боксерска кариера, Тајсон го најде своето место и во светот на бизнисот. Неговата сопруга беше движечката сила зад неговото вклучување во бизнисот со канабис и модната индустрија.

„Можеби еден ден ќе се преселам овде и ќе станам граѓанин. Тоа е толку голем град. Кој знае, можеби ќе станам Холанѓанец! Мојата сопруга ме воведе целосно во тоа и затоа ми оди толку добро. Секогаш носев дизајнерска облека и луѓето ме прашуваа каде ја набавувам. Па помислив зошто да не започнам сопствена линија за облека?

Да бидам искрен, станав малку пристрасен кон УФЦ. Во последно време повеќе гледам мешани боречки вештини отколку бокс. Тоа е многу повозбудливо. Одите на боксерска борба и треба да чекате меѓу рунди, но во УФЦ секогаш има забава, дури и по борбата“!

На крајот од разговорот, еден млад кикбоксер побара совет од Тајсон. Одговорот на Тајсон беше краток, но за десетка:

„Правете го она што никој друг не го прави. Трчајте во 3 часот наутро кога сите спијат. Вежбајте кога салата е затворена. Ако тренираат три часа, вие тренирате четири часа. Работете повеќе од сите други“, рече Мајк.

Тајсон моментално се подготвува за враќање во рингот. Во средината на ноември ќе се бори со Џејк Пол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО