Мајк Тајсон објаснува како се справувал со стравот во текот на кариерата (ВИДЕО)

Мајк Тајсон е запаметен како еден од најопасните тешкаши на сите времиња.

Бруклинскиот нокаутер во ноември 1986 година со само 20 години стана најмладиот шампион во тешка категорија.

Во текот на професионалната кариера постојано се справуваше со стравот и го користеше како мотив да биде на висината на задачата.

„Не мислев дека можам да се носам со тоа дека сум борец. Едноставно така беше. Всушност, никогаш не бев во можност да се справам со тоа. Секогаш сте нервозни. И сега сум нервозен. Тоа е дел од животот. Од сопственото искуство верувам дека тоа е природен одбранбен механизам. Или ќе смрзнете или ќе бидете на вистината на задачата. Се учите да се справувате со тоа“, рече во интервјуто за Кенан Томпсон.

Често се поставува прашањето дали нормален човек може да го преживее неговиот удар.

„Што е нормална личност? Нема никаква врска со тоа дали сте спортски човек, се разботи за тоа дали имате срце. Борбата има многу заедничко со моралот. Не станува збор за тоа да примите удар, туку дали сте подготвени да умрете. Тоа е составен дел на животот. Кога ќе се соочите со тоа, веќе не мора да се борите“, вели Тајсон.

Во ова време на пандемија, Тајсон останува дома и вежба.

„Вежбам. Секој ден сум на велосипед, па еден час на лентата за трчање и потоа работам со полесни тежини. Се подготвувам, за недела-две ќе бидам подготвен да почнам да ја удирам вреќата”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON