Мајк Тајсон не е задоволен од плаќањето во УФЦ

Мајк Тајсон им помогна на борците на УФЦ, критикувајќи го синџирот за платите.

Боксерската икона објави дека Дана Вајт и компанијата не им плаќаат доволно добро на своите sвезди и покрај огромниот интерес за нив ширум светот.

„ММА секогаш ќе има повеќе погледи отколку боксот, но боксерите секогаш ќе заработуваат повеќе пари отколку ММА борците. Зошто е тоа така? Ова е комплексно прашање, нема логика. Но, според мене, тие не заработуваат доволно. Возбудливо е, секси е, но борците на УФЦ не се платени добро“, рече Тајсон.

Како поддршка на изјавата на „Железниот Мајк“, „Дејли меил“ потсети дека за неговиот боксерски меч со Флојд Мејведер, ММА ѕвездата Конор Мек Грегор заработи скоро 130 милиони долари. Додека за неговото враќање во октагон против Доналд Цероне во јануари, Ирецот заработи околу 50 милиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО