Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон (50-6) изјави дека како дете имал неколку улични борби дневно.
„Железниот човек“ е една од најпочитуваните и најстрашните фигури во историјата на боксот. На 12-годишна возраст Мајк веќе имаше 38 притвори и беше испратен во дом за проблематични деца. Таму станал страстен за боксот.
Освојувајќи го својот прв појас на 20 години, 4 месеци и 22 дена Тајсон го држи рекордот како најмлад боксер што некогаш ја освоил титулата во тешка категорија. Мајк неодамна во интервју се потсети на помладите години.
„Веројатно имав 3 или 4 улични тепачки дневно. Така беше од деветгодишна возраст. На 12 години имав 91 килограм. Се тепав со моите врсници, а потоа се тепав со нивните татковци.
Тие плачеа, одеа дома и ги повикуваа татковците. Потоа се борев и со нивните татковци“, изјави Тајсон во интервју за Валуетаимент медиа.
За жал, Тајсон не откри како поминале тепачките со татковците на неговите врсници.